Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Haris-Nea Flogita

Куќа „Харис“ се наоѓа во најпрометниот дел на Неа Флогита, прва линија на море/ плажа. Студијата и апартманите се нови, модерно опремени и содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима (вклучена во цената), бесплатен интернет, тераса (со страничен и со директен поглед кон море). Собите се наоѓаат на прв кат.

 

За целосни уплати најдоцна до 7 декември, сабота

-       15% на сезонските цени

-       10% на вонсезонските цени

 

Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

31.5-7.6

7

79

35

7.6-14.6

7

109

35

14.6-21.6

7

149

35

21.6-28.6

7

169

35

Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/3 студио 

1/4 апарт.

1/5 апарт.

28.6-7.7

9

529

569

649

7.7-16.7

9

579

629

689

16.7-25.7

9

609

645

739

25.7-3.8

9

639

679

769

3.8-12.8

9

639

679

769

12.8-21.8

9

639

679

769

21.8-30.8

9

619

659

740

Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

30.8-6.9

7

169

35

6.9-13.9

7

149

35

13.9-20.9

7

109

35

20.9-1.10

10

99

35

 

Напомени и услови:

-       Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.

-       ГРАТИС превоз за термините кои се обележани со ѕвезда (*), за останатите превозот се доплаќа:

o    За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)

o    За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)

o    Деца до 2 години бесплатно, без седиште

-       Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

-       Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

-       За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

-       Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

-       Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

-       Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

-       Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

-       Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.

-       За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

-       Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

-       Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, тагенцијата  ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.

-       Агенцијата  не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

-       Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а

 

Price from : 79.00 €

Book