Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Vila Pantheon-Olimpic beach

 Хотел “Pantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Стилски опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/2 - 1/3 - 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за тело, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ - LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен  интернет на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТ

 EARLY BOOKING - Лето 2020 

15% попуст за целосна уплата до 01.01.20   |  10% попуст за целосна уплата до 01.02.20
   7% попуст за целосна уплата до 01.03.20   |     5% попуст за целосна уплата до 01.04.20
 

"Pantheon"
Олимпик бич
термин  МАЈ
ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
 17 24 31 07 14 21 28 05 12 19 26 02 09 16 23 30 06 13 20
бр. ноќи  7 7 7 7 7
7
7
7 *
7 *
7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 7 7 7 7
1/2 студио /назад/
45 65 80 105 125 140 155 290 310 330 330 330 330 310 155 115 90 70 55
1/3 студио /назад/ 45 75 90 120 140 155 170 320 340 360 360 360 360 340 170 130 100 80 60
1/3 студио /море/ 55 85 105 135 160 175 190 355 375 395 395 395 395 375 190 145 115 90 70
1/4 студио /море/ 55 95 115 150 175 195 210 385 405 425 425 425 425 405 210 160 125 100 75
опис на ценовникот цени по лице со превоз цени за наем на цело студио без превоз цени по лице со превоз

НАПОМЕНА

  • -  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • -  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • -  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • -  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • -  Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
  • -  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • -  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
  • -  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • -  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • -  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;
  • -  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот на автобуската постројка.
  • -  Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
  • -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ 

  • -  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • -  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • -  Доплата за туристичка такса - 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • -  Доплата за клима - 5€ од ден (на рецепција);
  • -  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
  • -  Доплата за патничко осигурување.

 

Цена од : 45.00 €

Резервирај