Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Сокобања

СО ВКЛУЧЕНА ОСМОМАРТОВСКА ВЕЧЕРА

 

1 ден              06 март Скопје – Сокобања Состанок на групата од Скопје пред хотел Вип во 08:45 ч., поаѓање за Србија во 09:00 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце. Попатна пауза за одмор во Предејане. Се продолжува кон Сокобања. Пристигнување во пладневните часови. Сместување во хотел. Ручек. Потоа прошетка низ центарот на Сокобања со разглед на Милошев конак, турска бања – амам, музејот... Слободно време за одмор. Вечера со жива музика. Ноќевање

 

2 ден              07 март Сокобања Појадок. По појадокот прошетка до излетничкото место Лептерија и до стариот град Сокоград . Враќање во хотелот. Ручек. Попладне слободно време за индивидуални активности. Навечер, прослава на денот на жената со свечена вечера со жива музика.Ноќевање..

 

3 ден              08 март Сокобања – Скопје Појадок. По појадокот подготовка за заминување и пауза за кафе. Во попладневните часови враќање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  4.900 денари за уплата до 31 декември

         РЕДОВНА ЦЕНА :      5.500 денари

           

Во цената на аранжманот е вклучено:

 

*       Превоз на дадената релација со високотуристички автобус

*       Ноќевање во хотел Banjica – два  полни пансиони

*       Свечена 8мо мартовска вечера на 07.03.2020 со жива музика и неограничени  локални пијалоци

*       Организиран разгледи со локален водич до центарот на Соко Бања, Лептерија и Сокоград

*       џакузи базен - бесплатно

*       Организација, реализација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

*       Здравствено патничко осигурување - 100 денари (за лица над 65 години - 200 денари)

 

Мени за свечената вечера:

-      Ладно предјадење

-      Пита зелјаница со кисело млеко

-      Скара 2 парчиња (400 гр.)

-      Домашна погача, сезонска салата

-      Баклава

 

Напомена: Рок за пријавување до 20 февруари 2020 г.

Деца од 2 – 12 години кои користат сопствено легло плаќаат 70% од цената

Цена од : 79.03 €

Резервирај