Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Рим-Rim

05.03.2020 (Четврток) Скопје – Рим Состанок на групата на аеродром во Скопје во 15:00 часот.Авионот од Скопје полетува во 17:20 часот со WIZZAIR (W6 7757).Пристигнување во Рим (на аеродромот Чиампино 18:55 по локално време). Трансфер до хотел.Ноќевање.
06.03.2020 (Петок) Рим Појадок. Организиран разглед на Рим со локален водич и бус: Катедралата Св.Џовани - Латерано, црквата на Пресвета Богородица,Плоштадот Де ла република,Виа Национале,Пјаца Барберини,Виа Венето,замокот Св.Ангело, Вила Боргезе, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Колосеумот, Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели), Фонтана ди Треви (фонтаната на желбите), Пантеонот (најмонументалниот храм во Рим), прошетка по најпознатата улица Виа Дел Корзо.... Слободно време за прошетки и индивидуални активности. Враќање во хотел.Ноќевање.
07.03.2020 (Сабота) Рим – Ватикан Појадок.Во договореното време заминување за Ватикан со метро. Средба со локалниот водич. Посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Катедралата Св.Петар,Сикстинската Капела, разглед на делата од Микеланџело, Рафаело...После посетата време за индивидуални активности.Враќање во хотел.Ноќевање.
08.03.2020 (Недела) Рим – Тиволи Појадок. После појадокот предлагаме прекрасен излет до Тиволи (со локален водич). Посета на неверојатната градина со стотици фонтании познатата вила Д`Есте (градена во импозантен барок стил), која воедно претставува една од најубавите градини во светот. Летниковецот од оваа вила е користен уште од антички период. Вилата е под заштита на светското културно наследство УНЕСКО. Враќање во хотел.Во договореното време трансфер од хотелот до аеродром.Лет за Скопје во 20:15 часот.Пристигнување во Скопје во 21:50 часот.
 
Цена за уплата до 20.12.2019: 249 € / 15.440 ден
Цена на аранжманот: 279 € / 17.300 ден
 
– авионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје;
– рачен багаж макс.8 кг. – димензии (40x30x20cm)
– сместување во хотел со 3* во близина на центарот во Рим на база 3 ноќевања со појадок;
– разгледување  на Рим со знаменитостите наведени во програмата со локален водич;
– трансфер аеродром – хотел – аеродром;
– организација и придружник на патувањето.
– аеродромски такси 50 евра (3.100 денари).
– здравствено  патничко осигурување – 175 ден.;
–  влез и разглед на Ватикан со локален водич – 55 евра;
–  превоз,влез и разглед на Тиволи со локален водич – 55 евра;
– туристичка такса – 5 евра од ден по лице;
– доплата за чекиран багаж – куфер до 10 кг – 1.800 денари *(цената е променлива);
– метро карти;
– сите други влезници за локалитетите и други неспоменати услуги.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
  • За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на ТА Атлантик.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Цена од : 15,440,00 ден.

Резервирај