Vila Kristina-Hanioti
Куќа „Кристина“ е лоцирана во многу мирен и тивок дел на Ханиоти, на околу 500 метри од центарот и 100 метри од плажа, која е неорганизирана со барови. Куќата има голем прекрасен двор, кој е особено корисен за семејства со деца. Составена е од два дела т.е. две згради. Во едната се наоѓаат апартманите каде има една спална соба и уште една соба каде се сместени двете дополнителни легла и се опремени со постар мебел, додека за разлика од нив, студијата имаат нов мебел, а четирите кревети, од кои два се на кат, се во една просторија. Сите имаат големи тераси, комплетно опремени кујни, тоалет, ТВ, интернет и клима кои се вклучени во цената. Првиот маркет е на околу 250 метри од куќата.
За целосни уплати до 18 Јануари:
Вонсезонски цени
Термин |
Ноќевања |
1 и 2 лице |
3 и 4 лице |
24.5-31.5 |
7 |
59 |
35 |
31.5-7.6 |
7 |
79 |
35 |
7.6-14.6 |
7 |
119 |
35 |
14.6-21.6 |
7 |
149 |
35 |
21.6-28.6 |
7 |
169 |
35 |
Сезонски цени
Термин |
Ноќевања |
1/3 студио |
1/4 студио |
1/4 апартман |
28.6-7.7 |
9 |
490 |
510 |
530 |
7.7-16.7 |
9 |
545 |
565 |
585 |
16.7-25.7 |
9 |
555 |
575 |
595 |
25.7-3.8 |
9 |
575 |
595 |
615 |
3.8-12.8 |
9 |
575 |
595 |
615 |
12.8-21.8 |
9 |
575 |
595 |
615 |
21.8-30.8 |
9 |
565 |
585 |
605 |
Вонсезонски цени
Термин |
Ноќевања |
1 и 2 лице |
3 и 4 лице |
30.8-6.9 |
7 |
169 |
35 |
6.9-13.9 |
7 |
149 |
35 |
13.9-20.9 |
7 |
109 |
35 |
20.9-1.10 |
10 |
99 |
35 |
Напомени и услови:
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
- Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
- Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште - Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман