Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Izmir-Turcija

ИЗМИР

ЧАНАКАЛЕ – ЧЕШМЕ – АЛАЧАТИ – ЕФЕС – ТРОЈА

                                                             5  ДЕНА – 3 НОЌИ Автобус

1 Ден  30.12,2020 (СРЕДА)  СКОПЈЕ

Собир на групата на паркингот наспроти хотел Холидеј Ин во 16:00ч. Со подготвени изненадувања од агенцијата весело го започнуваме патот од Скопје, преку Бугарија  до Чанакале  Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 Ден 31.12,2020 ( ЧЕТВРТОК  ) ЧАНАКАЛЕ –ИЗМИР

Пристигнување  во Чанакале во утринските часови Краток одмор Разглед на . Чанакале-втората транзитна тoчка меѓу Азија и Европа после Истанбул Старото име  на Чанакале од византиското време е Драданелија  Посета на статуата на Тројанскиот коњ кој бил користен за време на снимањето на легендарниот фим Троја.Заминуавње за Измир Пристигнување  во попладневните часови Панорамски разглед на  градот Овој град со својот шарм не заостанува зад европските метрополи, па дури и кога ќе додадете здив на морски воздух и шушкање на палми, заслужува внимание

 Она што го краси срцето на Измир е Саат-кулата на централниот градски плоштад, симбол на градот, која совршено се вклопува со  останатите згради на овој плоштад, кои со своето културно и историско наследство му даваат посебен „вкус“ на центарот  на градот ,џамијата Конак, една од најубавите и најважните џамии во Турција Асансор –еде од првите лифтови во светот ,преубава градба изградена од Еврејскиот банкар Несим Леви . Сместување во хотел Во вечерните часови – припрема за дочек во национален ресторан или  на плоштад Ноќевање

3 Ден 01.01,2021 (ПЕТОК)  ИЗМИР –ЧЕШМЕ-АЛАЧАТИ   ( факултативно)

Појадок. Слободен ден за индивидални активности или факултативна посета на Чешме и малото туристичко место Алачати  На само 100км  од Измир  сместено е познатото туристичко место Чешме Место познато по прекрасни плажи  меѓу кои  е  познатат златопесочна плажа  Илица  Прошетка низ чаршијата ,марината се до изторискиот замок Чешме. Продолжуваме према  Алачати  -турисичко место и едно од најтрадиционалните градови во Турција со камени куќи, тесни улички, бутик хотели работилници за дизајн ,продавници за сувенири, шармантни таверни и  кафулиња со маси на улиците  сите со свој дух и приказна. Со други зборови вистински рај на земјата Разгледот започнува со Ветерниците , продолжува низ улицата Кемалпаша и населбата Хачи Мемиш  каде ќе имате време за индвидуални проешетки и ручек Враќање во хотел во Измир Ноќевање.

4 ден 02.01.2021 (САБОТА )ИЗМИР – ЕФЕС -ИЗМИР   ( факулттаивно)

Појадок. Слободен ден или факултативна посета на археолошкиот локалитет Ефес антички град кој е под заштита на  (УНЕСКО) Ефес – родното место на основачот на модерната филозофија – Хераклит На подрачјето на денешниот Ефес има остатоци од три града од различни епохи, а оригиналната верзија е променета и со уништување од  природни катастрофи.Според легендата, Ефес е основан од Амазонките – попознати како жени воини. Според играта на судбината, градот и храмот се покажаа токму такви – како вистински воини кои и покрај уништувањето сепак успеваат да ги воодушеват сите свои посетители.Посета на храмот на божицата Артемида , Амфитеатарот , Целзисовата библиотека, бањите , Базиликата на СВ Јован  Куќата на Дева Марија ,улицата Каријатида ……Враќање во хотел во Измир .Ноќевање

5 Ден 03.01 2021(НЕДЕЛА  )   ИЗМИР – ТРОЈА -СКОПЈЕ

Појадок ,  По појадокот напуштање на хотелот и заминување  за   ТРОЈА Град стар над 4000 години и се смета за центар на античките цивилизации. Троја се смета за населена уште од бронзеното време,  кое  подоцна Хомер го испратил во историјата со своите епови за „Илијада“ и „Одисеја“.Ископувањето на Троја започна околу 1870 година, што само по себе беше историски спектакл. Археолошки истражувања открија 9 градови. Видливи се спектакуларни урнатини на храмови, куќи, театри  Слободно време за прошетка низ градот  Во пладневните часови заминување за Скопје .Пристигнување во раните утрински часови наредниот ден 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ –139€  /8,618,00 денари за уплата до 30 Октомври

Редовна цена  149€  / 9.240.00 денари

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.

 

 Аранжманот вклучува:

Автобуски превоз на горенаведената релација

3 ноќевања во хотел со појадок во хотел 3* во Измир

Разглед на, Чанакале и Троја

Разглед на Измир

Отганизирана новогодишна вечера во национален ресторан

Придружник од агенцијата во текот на целото патување

Организација на патувањето

     

Аранжманот не вклучува:

Влезница за Троја 10€

Факултативна посета на античкиот локалитет Ефес со вклучена влезница 25€ (минимум 25 патника  )

Факултативна посета на Чешме и Алачати 20€ (минимум 25 патника)

Влезница за куќата на Марија 8€

Влезници за локалитети и знаменитости

Патничко – осигурување 250 ден.



Важна напомена:

Важноста на патните исправи треба да биде минимум 180 дена ( 6 месеци ) од датумот на враќање.

Во моментот на објава на програмата за Р.Турција не е потребен негативен PCR тест како и за транзитно патување низ Р.Бугарија.

 

 

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ

 

 

 

Цена од : 149.00 €

Резервирај