Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Пролом бања

 

Пролом Бања

 

Прв ден: 23.10.2020 (петок) 

Состанок на групата рано наутро во 05.00 часот од Кавадарци, 06:30 од Скопје и Куманово во 07:00часот. Поаѓање за Србија преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања и сместување во Хотел Радан. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

Втор ден: 24.10.2020 (сабота)

Појадок. По појадокот заминување на организиран претпладневен излет со локален туристички водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди и прошетка до црквата Лазарица. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

Трет ден  25.10.2020 (недела)

Појадок. По појадокот заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 7.370 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

-       Превоз со високотуристички автобус

-       Сместување во Хотел Радан 3* - 2 ноќевања на база полнпансион (појадок, ручек и вечера)

-       Секојдневно користење на Релакс центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи со термална вода, тепидариум

-       Користење на внатрешен базен

-       Користење фитнес сала и сала за рекреација (билљард, пинг понг, тенис, пикадо)

-       Организиран излет со автобус до Ѓавола Варош, вклучена влезница и локален водич

-       Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич

-       Туристичка такса

-       Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

– Задолжително патничко осигурување.

– Индивидуални трошоци

 

 

 

Цена од : 118.87 €

Резервирај