Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Златибор -Zlatibor

8-ми Март ВО ЗЛАТИБОР

(Со посета на Сирогојно, Вишеград, Дрвенград)

Златибор, еден од најстарите и најубавите туристички центри во југозападна Србија, во минатото привилегија на најбогатите а денес еден од најпосетените места на Балканот, достапен за сите...

Прв ден: 05.03.2020

Поаѓање на групата од  Кавадарци  во 21:00 h и Скопје 23:00 h и тргнување кон Златибор преку граничниот премин Табановце со попатни паузи.

Втор ден: 06.03.2020

Пристигнување во Златибор во утринските часови и  заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор, (http://www.vilajelena-zlatibor.com/ ) во двокреветни и трокреветни соби. Враќање во вилата. Вечера во ресторанот. Ноќевање.

Трет ден: 07.03.2020

Појадок. Заминување на групата кон Вишеград (факултативно), Република Српска. Пристигнување во Вишеград и разглед на градот со локален туристички водич: Мостот на Дрина,Андриќ град, ремек делото на познатиот филмски режисер Емир Костурица кој го направил овој град во град, посветен на познатиот писател Иво Андриќ. Слободно време за ручек и прошетка низ градот. Во попладневните часови враќање кон Златибор со попатна посета на Дрвенград, уште едно дело на Емир Костурица кој го направил овој град за потребите на својот филм Животот е чудо. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Вечерта, свечена вечера со музика во ресторанот на хотелот (факултативно).Ноќевање.

Четврти ден: 08.03.2020

Појадок. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор а и  веднаш до центарот се наоѓа и пазарот за сувенири и за добро познатата златиборска пршута и кајмак. Тргнување за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

                                        Цена за резервација до 08.02.2020: 5.890 денари

Цена на аранжманот: 6.150 денари

 Цената на аранжманот вклучува:

-       Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

-       Едно ноќевање со појадок и вечера и едно ноќевање со појадок во Вила Јелена во центарот на Златибор

-       Посета на Сирогојно

-       Организација и реализација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

-       Cвечена вечера со музика во ресторанот на хотелот – 15 евра

-       Посета на Дрвенград и Вишеград со локален водич – 5 евра

-       Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)

-       Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)

-       Туристичка такса која се плаќа во агенција - 2 евра по лице за двете ноќи

 

Цена од : 95.00 €

Резервирај