Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Златибор -Zlatibor

 

23-ти Октомври ВО ЗЛАТИБОР

(Со посета на Сирогојно и Дрвенград)

Златибор, еден од најстарите и најубавите туристички центри во југозападна Србија, во минатото привилегија на најбогатите а денес еден од најпосетените места на Балканот, достапен за сите...

Прв ден: 22.10.2020

Поаѓање на групата од  Кавадарци  во 21:00 h, Скопје 23:00 h и Куманово во 23:30h и тргнување кон Златибор преку граничниот премин Табановце со попатни паузи.

Втор ден: 23.10.2020

Пристигнување во Златибор во утринските часови и  заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор, (http://www.vilajelena-zlatibor.com/ ) во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Вечера во ресторанот. Ноќевање.

Трет ден: 24.10.2020

Појадок. Заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој град за потребите на својот филм Животот е чудо. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот Бела Вода и познатата железница Шарганска Осмица. Во попладневните часови враќање во Златибор. Вечера со музика во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

Четврти ден: 25.10.2020

Појадок. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и пазарот за сувенири и  добро познатата златиборска пршута и кајмак. Тргнување за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 6.150 денари


 Цената на аранжманот вклучува:

-       Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

-       Две ноќевања со појадок и вечера во Вила Јелена

-       Посета на Сирогојно, Дрвенград и изворот Бела Вода

-       Организација и реализација на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

-       Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)

-       Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)

-       Туристичка такса која се плаќа во хотел - 2 евра по лице за двете ноќи

-       Патничко осигурување ( за информации обратете се во агенцијата )


 

Напомена: За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници.

Цена од : 99.19 €

Резервирај