Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Ракомет

Да навиваме за МАКЕДОНИЈА
 Европско првенство во ракомет Виена 2020
 1 ден (9 јануари) четврток
Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ во 16 часот, тргнување за Виена во 16.30 часот. Ноќно возење/ патување преку Р. Србија и Р. Унгарија со попатни паузи. 
2 ден (10 јануари) петок
Пристигнување во Виена во предпладневните часови. Сместување во хотел „Менингер“ по 14 часот. Слободно време за индивидуални актовности. Да навиваме за Македонија – Украина, 20.30 часот. Ноќевање.
3 ден (11 јануари) сабота
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ден (12 јануари) недела
Појадок. Слободно време за индивидуални актовности. Да навиваме за Македонија – Чешка, 16.00 часот. Ноќевање.
5 ден (13 јануари) понеделник
Појадок. Во 11 часот организиран превоз до шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.
6 ден (14 јануари) вторник
Појадок. Одјавување на групата од хотел „Менингер“. Слободно време за индивидуални актовности. Да навиваме за Македонија – Австрија, 18.15 часот. По натпреварот (околу 21 часот) тргнување за Скопје. Ноќно возење/ патување преку Р. Унгарија и Р. Србија со попатни паузи. 
7 ден (15 јануари) среда
Пристигнување во Скопје околу пладне.
 
Цена на аранжманот по лице: 21,600 мкд. (349 евра)
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
-       Автобуски превоз на релација Скопје – Виена – Скопје
-       Блок карти/влезници за трите натпревари
-       Сместување во хотел „Менингер“ на база 4 ноќевања со појадок
-       Посета на шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“
-       Лиценциран пратител – придружник на групата за време на патувањето и престојот во Виена
 
Цена на аранжманот без организиран автобуски превоз: 18.500 мкд. (299 евра)
 
Во цената на аранжманот не е вклучeно:
-       Задолжително патничко – здравствено осигурување
 
 
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на Стопанска комора за туризам на Македонија

    

Цена од : 348.39 €

Резервирај