Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Катланово Spa

На само чекор од вас, надвор од урбаниот хаос, во дабовата шума покрај реката Пчиња, се наоѓа одговорот на вашата желба за релаксација и одмор.

Катлановска Бања. Изградена на местото каде што во лековитите води уживале старите Римјани, Византијците, турските великодостојници, обновена, модернизирана, преродена во нов тренди спа-центар, Катлановска Бања ви нуди целосна преродба.

Најсовремената опрема и препарати, врвните масажи и третмани за лице и за тело, кои се медицински одобрени и се одвиваат под надзор на медицински лица, ја вбројуваат Катлановска Бања во највисокиот ранг на дневните спа-центри.

Но, она што е единствено за нас е водата богата со минерали која има исцелителна моќ и магично дејство врз вашето здравје. Единствена е и нашата локација, каде што се допираат медитеранската клима од југ и умерената континентална клима од север.

Дојдете во Катлановска Бања и подарете им целосна преродба на сите ваши сетила. Дозволете си барем за миг да почувствувате како е да се добие кралски третман. За миг бидете римски император.

Катлановска Бања. Повторно раѓање.

Цена од : 19.84 €

Резервирај