Planet Travel - Туристичка агенција

Сместување во Грција

Туристичка агенција во Македонија

Планет ТравелПланет Травел

Бул. Партизански Одреди бр.5, 1000 Скопје

+389 (0)2 3239 780
 

Budva

Богатиот ноќен живот и преубавите песочни плажи се симболо на Будва.Ова приморско место на Јадранското Море е најпознатото летувалиште во Црна Гора.
Будва е еден од најстарите градови на Јадранот,а исотриските податоци говорат дека постоел пред 3450 години.Симбол на Будва е Стариот град.Така се нарекувал во средниот век. Поголемиот дел од архитектурата е од венцеијанско потекло.
 
1 ден: 29.12.2019 Штип – Скопје - Будва
Поаѓање за Будва од Штип во 22:00 часот.Поаѓање од Скопје на паркингот кај Хотел Холидеј Ин во 23:00 часот.Патот води кон Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.
2 ден: 30.12.2019 Будва
Пристигнување во Будва во претпладневните часови. Сместување во хотел.Слободно време за индивидуални активности и шопинг.Можност за прошетка до Стариот Град,пристаништето, прошетка по кејот на познатата Словенска плажа,цитаделата,бројните кафулиња,ресторани и бутици.Вечерта организирана предновогодишна забава на плоштадот кај Стариот Град со богата музичка програма.Враќање во хотел.Ноќевање.
3 ден: 31.12.2019 Будва – Дубровник - Будва
Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект.Прошетка низ стариот дел на Дубровник – Страдун,Дубровачките градски зидини,статуата на Св.Влах-заштитникот на градот,Кнежев двор,Катедралата Вознесение на Дева Марија...Слободно време за фотографирање,индивидуални активности и прошетки.Во договореното време враќање во Будва.Подготовка за Дочек на Новата 2020 Година со богата музичка програма.Ноќевање.
4 ден 01.01.2020 Будва – Бар - Скопје
Појадок.После појадокот одјавување во хотелот и заминување кон Бар – крајбрежен град на Јадранското Море со население од 40.000 жители.Се наоѓа на 40 км од Будва,измеѓу Јадранското Море и Скадарското Езеро и е еден од најсончевите градови во Европа (има повеќе од 270 сончеви денови годишно).Овде се наоѓа резиденцијата на Кралот Никола.Дворецот е отворен за посетители и овде е стационирано црногорското наследство – оружје,накит и намештај кој датира од 19 век.Околу дворецот се наоѓа единствениот парк во кој растат повеќегодишни видови на билки (некои стари и по 100 години).Градот е поделен на 2 дела: Стар и Нов Бар. Стариот град е вистински археолошки музеј под отворено небо,опркужен со маслинести и овошни дрвја.Новиот град е модерен со модерни градби,широки улици,продавници, песочни плажи и пристаниште.Можност за индивидуална прошетка и шопинг.Патот продолжува кон Македонија со попатни одмори.Пристигнување наредниот ден во утринските часови.
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 90 евра (5.580 денари) до 20.11.2019
РЕДОВНА ЦЕНА: 109 евра (6.760денари)
За реализација на аранжманот потребни се 40 патници.
 


Во цената е вклучено:
автобуски превоз на наведената релација;
2 ноќевања со појадок во Хотел со 3* во центарот на градот;
туристичка такса;
посета на Бар;
туристички придружник во текот на патувањето;
организација и водство на аранжманот.
 
Во цената не е вклучено:
целодневен излет до Дубровник – 20 евра;
влезници за посети;
патничко осигурување.
 
 

 

 

Цена од : 5,580,00 ден.

Резервирај